Тешко повреден мотоциклист од Кочанско

Мотоциклист бил тешко повереден кога излетал од патот со моторот што го управувал, вчера во близина на Кочани.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 16.40 часот на  патот село Пресека – населба Оризари, во атар на Пресека кога мотоцикл  „АПН-6“ без регистарски ознаки, управуван од З.А.(56) од Оризари, излетал од патот.

Во сообраќајката со тешки повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Кочани.

Треба да знаете
Последни објави