Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, денес на свечената церемонија истакна дека е задоволство да се продлабочи постоечкиот меморандум, посебно имајќи го на ум претстојниот интензивен процес за евроатланските интеграции. Како што истакна Министерот Спасовски, главната цел ќе биде унапредување на овие процеси преку теоретското и практично знаење на постоечките и идни кадри кои им се потребни на институциите на Северна Македонија.
Генералниот менаџер – Сефер Цаноски се надоврза со презентација на новите наставни програми кои во себе ја содржат неопходната модернизација на наставата и теоријата, со посебен осврт на техничките барања за знаење на НАТО и Европската Унија.
Деканот на факултетот за правно-политички науки Љубомир Фрчковски истакна дека ФОН ќе понуди еластичен, брз и ефикасен тренинг за вработените во државните инстуции, особено во делот на исполнување на препораките од извештајот на Прибе кој ја покажува точната насока каде треба да се движи нашето општество.
Ректорот Нано Ружин ја истакна потребата од спој помеѓу практичното и академското знаење притоа посочувајќи дека универзитетот е неопходен амалгам помеѓу сите три гранки на власта и на овој начин на идните генерации им се овозможува правилно користење на образовните алатки со цел функционално градење и надоградување на државниот систем.