Четириесет медицински сестри за неполна година си заминале од Клиничкиот Центар во Скопје, информира 24.мк. Станува збор за искусни сестри, со долг стаж и работно искуство, кои си дале отказ, најголем дел за да заминат да работат во странство. Ова го покажуваат податоците на самостојниот синдикат на клинички. Од синдикатот се загрижени што работните места ги напушта искусен кадар, кој е тешко да се замени со нов.
Во ГОБ „Осми Септември“, пак за неполна година си заминале 18 медицински сестри, а од болницата велат има најави дека до крајот на годинава бројката ќе се искачи на 25.
Од старата градска болница во Скопје „Св. Наум Охридски“, пак, од почетокот на годинава заминале 17 медицински сестри, од кои 9 се пензионирале, 6 си заминале со спогодбено преземање и две си дале отказ.
Целиот текст на 24мк.