ЕУ со единствен кандидат на чело на ММФ

Европската унија сака да има европски кандидат што ќе ја замени Кристин Лагард на чело на Меѓународниот монетарен фонд, изјави висок претставник на ЕУ.

“Постои силна потреба европските земји да излезат со единствен кандидат”, изјави официјалното лице пред состанокот на министрите за финансии на еврозоната кои би можеле неформално да разговараат по ова прашање.

Официјалниот претставник рече дека претседателот на Еврогрупата, Марио Сентено, бил меѓу оние кои работат на оваа тематика.

Треба да знаете
Последни објави