Зеленски предлага средба со Путин во Минск

Украинскиот претседател Владимир Зеленски предложи средба со рускиот претседател Владимир Путин во Минск и смета дека средбата треба да биде посредувана од САД, Обединетото Кралство, Германија и Франција, пренесува САД.

„Сакам да му се обратам на рускиот претседател Владимир Путин. Треба ли да разговараме? Да, треба. Да разговараме за тоа кому му припаѓа Крим и кој не е присутен во Донбас”, рече Зеленски во видеообраќањето објавено на неговата фејсбук- страница.

Украинскиот лидер, исто така, посочи дека разговорите треба да бидат посредувани од американскиот претседател Доналд Трамп, британската премиерка Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел и од францускиот претседател Емануел Макрон.

„Мислам дека на Александар Лукашенко ќе му биде драго да не прими во Минск”, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави