Ако за стан од 35 метри квадратни на море на Халкидики треба да одвоите над 60.000 евра за тие пари на Кавала ке добиете стан од 80 метри метри квадратни. Масовното купување на недвижности од страна на Србите во Грција последниве неколку години драконски ги крена цените на апартманите. Но Македонците имаат нова дестинација насамо 160 километри од Солун, гратчето Кавала.
Летната сезоната е во полн ек и со тоа и интересот за станови и апартмани кај јужниот сосед расте. Освен Србите кои масовно купуваат апартмани на првиот од краците во Грција, Македонците се втори на листата на чекање кај адвокатите и нотарите кои работат со недвижности. Но Ханиоти, Пефкохори и Полихроно им станаа прескапи на нашите. Сега бараат апартмани и вили малку подалеку. Следна за освојување е Кавала.
Во овој грчки град кој е на околу 160 милји од Солун може да се купи голем стан од 85 квадратни метри за 47.000 евра . Во моментов се нудат четири со поглед на море на десет миути пешање од најблиската плажа. Само за споредба во Пефкохори, едно од најпопуларните одморалишта на нашите граѓани, цените се значително повисоки. Така, на пример, стан од 50 квадратни метри изграден во 2013 година чини 75.000 евра. Исто така, стан од 55 квадратни метри, далеку од морето 80 метри, исто така може да се купи за 75.000 евра.
Во Кавала пак стан од 80 квадратни метри на приземје може да се купи за 30.000 евра
Агенцијата, која веќе многу години е ангажирана во продажбата на недвижнини во Грција и работи со странци вели дека стан од 45 квадратни метри во Солун, кој можеше до скоро да се купи за 35.000 евра оваа година, сега чини околу 45.000 евра. Главната причина за скокот на вредноста е сè помалото снабдување на пазарот на недвижности, додека побарувачката остана иста. Општо земено цената на станови во Солун се движи од 1.000 до 1.100 евра.
Во Агенцијата велат дека купувачи се главно семејни луѓе, а повеќето купуваат станови од 35 до 40 м2, со една дневна соба и една спална соба. Повеќето бараат апартмани во близина на морето и плажите, на растојание од 200 метри, иако има и такви накои не им пречи локацијата.
-“Постои друга страна на приказната, така што се повеќе и повеќе луѓе од Македонија кои пред неколку години користеа поволен момент и купија стан во Грција, сега решаваат да ја продадат недвижноста и да направат профит поради скок на цената. Исто така има и од оние на кои веќе не им се допаѓа дестинацијата и одлучуваат да бараат нов станна друго место или пак бараат поголем- велат во Агенцијата.
Што се однесува до процедурата за купување во Агенцијата велат дека пасошот е доволен за купување на станови, а тие нудат комплетна документација.
Според некои податоци, бидејќи е можно странци да станат сопственици на имот во Грција, од 2011 година, во просек, барем еднаш дневно со грчки нотари, е потпишан купопродажен договор во кој купувачот доаѓа од Македонија или Србија. Бројот на клиенти расте, а трансакциите најчесто се прават со готовина.
Валентина Ангеловска