(Фото) Настрада моторџија кај Буњаковец

Моторџија е повреден пред малку во сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, во скопската населба Карпош дознава 24инфо.

Сообраќајката се случи во близина на Буњаковец. Повредениот моторџија со возило на Итната помош е префрлен во болница.

Засега не е позната неговата здравствена состојба.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Фото: 24 Инфо

Треба да знаете
Последни објави