Италијански олимпиец спаси човек од давење

Италијански олимписки пливач стана херој откако спаси еден човек од давење во морето покрај брегот на Сардинија.

Филипо Мањини, наводно, бил блиску до плажата Кала Синзиас со неговата девојка кога слушнал повици за помош. Откако сфатил дека тие доаѓаат од плажата, двократниот светски шампион се фрлил во морето за да го спаси човекот кој барал помош.

Новинарот на „Би-Би-Си“, Соруш Пакзад, бил сведок на инцидентот. Тој раскажал како двајца мажи се релаксирале на душек во морето кога едниот од нив паднал во водата, не можејќи да се движи поради својата здравствена состојба. Силниот ветар го оддувал душекот.

Откако ги слушнале вресоците, спасувачите исто така скокнале во морето, но олимпиецот бил побрз од нив, одржувајќи го човекот над водата додека да стигнат тие.

Во интервју за италијански весник, Мањони рече дека само го направил она што морал.

„Кога стигнав до него, тој дури и не можеше да зборува, и не беше лесно да го ставиме на чамецот за спасување, па затоа го положивме на душек што ни го дадоа блиските капачи“.

Човекот подоцна бил пренесен во болница.

„Неколку часа по несреќата бев во болницата кога сфатив дека Филипо Мањини беше човекот што ми го спаси животот, но немав никакви шанси да му се заблагодарам бидејќи немам никаков контакт со него. Се надевам дека ќе можам лично да му се заблагодарам“.

Мањини има две титули од Светските шампионати во 2005 и 2007 година, и беше член на тимот на Олимпијадата што освои бронзен медал во Атина во 2004 година.

Треба да знаете
Последни објави