Концерт на учесниците на семинарот по виолина на Анна и Олег Кондратенко

Утре ќе се одржи завршен концерт на учесниците на семинарот по виолина на Анна и Олег Кондратенко, со почеток во 20.30 часот во Музеј на македонската борба. Концертот е во соработка со Музичка младина на Македонија, а влезот е слободен.

Повеќе од десет години по ред, почнувајќи од 2009 година Музичка младина на Македонија во континуитет го одржува возобновениот семинар по виолина за повеќе возрасти, под раководство на познатите педагози и концертни музичари Анна и Олег Кондратенко, семинар кој веќе побудува интерес кај младите виолинисти од нашата земја, но и од странство.

Оваа сесија на мајсторската виолинистичка школа, до пред неколку години се одржуваше во Охрид, а сега во Скопје. Во неа учествуваат можеби најдобрите млади виолинисти од нашава земја, коишто низ перманентното изучување на нови програми истите ќе ги презентираат не само низ концертот на Скопско лето, туку и понатака на концертите кои ќе следат во сезоната 2019/20 во земјата и во странство.

Исто така, ќе се одржи проекција на филмот „Море од жито“ (MARE DI GRANO) (2018), Италија, со почеток во 21:00 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Билети за проекцијата може да се купат пред самиот почеток на истата, на влез на Сули ан, по цена од 100 денари.

Треба да знаете
Последни објави