Милан го објави второто засилување за новата сезона

Италијанскиот гигант Милан официјално го објави своето второ засилување во новата сезона. Се работи за босанскиот репрезентативец Раде Круниќ, кој пристигнува од Емполи за околу 8 милиони евра и добива договор за пет сезони.

Минатата сезона 25-годишниот играч од средниот ред зеде учество во 33 натпревари со 5 гола и 7 асистенции во Серија „А”.

Пред оваа зделка, Милан го привлече Тео Ернандез за 20 милиони евра од Реал Мадрид, а наскоро на „Сан Сиро” го очекуваат алжирскиот репрезентативец Исмаил Бенасер, кој исто настапуваше за Емполи.

Во моментов, Алжирецот е со својот национален тим на Купот на нации во Египет

Треба да знаете
Последни објави