Американскиот Стејт департмент одобри продажба на тенкови и проектили за Тајван и покрај протестите од Кина

Вашингтон даде зелено светло за снабдување на Тајван со американска воена техника вредна 2,2 милијарди долари, вклучувајќи тенкови и ракетите земја- воздух, спротивно на принципот на „Една Кина“ која го смета островот како дел од копното, пренесува РТ.

„Стејт департментот одлучи да одобри воена продажба на ТЕЦРО на тенкови М1А2Т Абрамс и поврзана опрема и проектили „стингер” и слична опрема и поддршка за околу 2 милијарди долари”, објави Пентагон во понеделникот.

Набавката, која допрва треба да биде одобрена од Конгресот, вклучува 108 единици M1A2T Абрамс што Тајпеј планира да ги користи против Кина ако Пкинг се обиде да го врати суверенитетот над островот.

Пентагон тврди дека продажбата нема да влијае на основната воена рамнотежа во регионот и дека само ќе ја подобри способноста на Тајван да одговори на моменталните и идните регионални закани и да ја зајакне својата одбрана.

Пекинг, пак, јасно стави до знаење дека ќе се бори против какво било мешање однадвор и против обидитее да се оддели Тајван од Кина, истакнувајќи дека земјата нема да ја отфрли употребата на сила за да го постигне тоа.

„Секое мешање во прашањето на Тајван е осудено на неуспех. Ниеден обид за поделба на Кина нема да успее”, рече кинескиот министер за одбрана, генерал Веи Фенге, на безбедносниот самит „Шангри Ла дијалог“ во Сингапур минатиот месец.

Портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг, во одделна изјава минатиот месец изјави дека Кина цврсто, постојано и недвосмислено се противи на продажбата на оружје од САД на Тајван, предупредувајќи го Вашингтон да не им нанесува сериозна штета на билатералните односи и на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец.

Треба да знаете
Последни објави