(Видео) Големиот земјотрес во Калифорнија остави гигантска трага видлива од вселената

Огромна нова пукнатина на површината на Земјата е формирана во близина на епицентарот на земјотресот од 7.1 степени во Јужна Калифорнија во петокот , покажаа сателитски снимки, пренесува РТ.

Вториот од двата моќни удари кои ја погодија областа за помалку од 48 часа минатата недела предизвикаа голема пукнатина во близина на Риџекрест, Калифорнија, соопшти „Планет лабс инк.“, објавувајќи сателитски снимки на погодениот терен преземени на 4 и на 6 јули.

Фотографиите од пукнатината од теренот, исто така, се објавени на интернет, а блискиот автопат 178 во округот Сан Бернардино е затворен откако голема пукнатина измести делови од патот, до некаде менувајќи ја топографијата во Јужна Калифорнија.
Треба да знаете
Последни објави