Владата денеска донесе одлука да се покрене постапка која ќе обезбеди деблокирање на работата на Акционерското друштво Водостопанство во државна сопственост.
Како што информира Владата целта е да се преземат сите неопходни мерки за наплата на побарувањата, навремено сервисирање на обврските и намалување на непродуктивните трошоци, и да се обезбеди редовното работење на друштвото со извршување на сите обврски кон вработените.