Девојче загина при пад од 11. кат на крузер во Порторико, му се лизнало на дедото од раце

Еденогодишно девојче загина во неделата, откако се лизнало од раката на неговиот дедо и паднало на 11-кат на крузер подготвен да отплови од Порторико.

Полицијата вчера ги потврди зборовите на дедото на девојчето, идентификуван како Салватор Aњело, дека внуката му испаднала од рака додека ја држешел на прозорец на 11. кат на крузерот „Freedom of the Seas“, тогаш закотвен во Сан Хуан, Порторико, пренесува „Инди стар“.

Потврдено е дека таткото на девојчето е полицаец и дека семејството е по потекло од градот Гренџер во Индијана.

Компанијата „Royal Caribbean“ на која припаѓа крузерот „Freedom of the Seas“, изрази длабоко жалење поради загинатото девојче.

„Нашиот тим ќе се обиде да му помогне на несреќното семејство на секој можен начин, а од почит кон нивната приватност нама да го коментираме инцидентот“, изјави портпаролката Мелиса Чарбоне.

Секретарот на порториканското Министерството за јавна безбедност, Елмер Роман, рече дека дедото го држел девојчето кога му се лизнало од рака, но не потврди дали детето паднало од прозорец или балкон на крузерот.

Наредникот Нелсон Сотело од полицијата во Порторико изјави дека семејството е во шок и дека ќе остане во Порторико до крајот на истрагата, во која е вклучен и дедото.

Треба да знаете
Последни објави