Ексклузивни видеа од крвавиот обид за грабеж на банката во Загреб

Јутарњи лист дојде до ексклузивно видео од вчерашниот неуспешен обид за грабеж на банка во Загреб. Како што вчера информираа медиумите, полицаец во цивилка ги спречил разбојниците во намерата, при што едниот од нив бил ранет.

Според очевидци, двајца арамии дошле со велосипеди и вооружени со пиштоли се обиделе да ја ограбат филијачата на ПБЗ банка. При тоа со пиштол бил удрен вработен од обезбедувањето. За нивна несреќа, во банката имало полицаец во цивилка, кој кога видел дека го тепаат обезбедувачот се затрчал кон нив и ги соборил на земја. Додека се тепал со нив пиштолот испукал случајно и ранил еден од разбојницие. Другиот арамија успеал да избега.

Полицијата го идентификувала ранетиот разбојник, кој е осомничен за грабеж на бана пред еден месец, како и за други две разбојништва.

https://youtu.be/pyFbLOg0fsk

Треба да знаете
Последни објави