ЕУ го повика Иран збогатувањето ураниум да го врати на старото ниво

Европската унија денеска го повика Иран да го врати на старото ниво збогатувањето ураниум, што го зголеми последниот месец, со што го прекрши договорот за контрола на нуклеарното вооружување, постигнат со големите сили од 2015 година.

„Ние и натаму го повикуваме Иран да не презема натамошни мерки со кои го поткопува нуклеарниот договор, да запре и на старо да ги врати сите активности што не се во согласност со договорот од 2015 година, вклучувајќи го и производството на нискозбогатен ураниум, изјави пред новинарите портпаролката на ЕУ, пренесоа западните медиуми.

Иран соопшти дека ќе го зголеми збогатувањето ураниум за по неколку часа над границата договорена со нуклеарниот договор, потег што може да значи враќање на сите економски санкции кон Техеран, наведуваат агенциите.

Треба да знаете
Последни објави