Лавров ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Словачка

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Високи Татри во Словачка денес, пренесува ТАСС.

На состанокот Лавров ќе ги сподели своите проценки за безбедносната ситуација во Европа и ќе разговара за соработката во борбата против тероризмот и киберзаканите.

Состаноците во овој формат не се одржуваат секоја година. Последниот неформален состанок се одржа во летото 2017 година во австриски Мауербах. На вакви состаноци не се донесуваат одлуки. Наместо тоа, страните разменуваат мислења и се подготвуваат за официјални седници на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ.

Руското МНР соопшти дека на состанокот денес министрите ќе разговараат за напорите на ОБСЕ за спречување и решавање кризи и конфликти во зоната на одговорност на организацијата.

„Очекуваме искрена дискусија за начините за надминување на кризата во сферата на европската безбедност и за нормализирање на меѓудржавните односи”, рече руското Министерството за надворешни работи.

Ваквите неформални средби се користат и за билатерални разговори. Официјалната портпаролка на руското МНР, Марија Захарова, претходно изјави дека Лавров планира да одржи одделни состаноци со раководството на ОБСЕ, како и со министрите за надворешни работи на Андора, Казахстан и на Финска.

Треба да знаете
Последни објави