Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека имаат одредени индиции за групата поврзана со грабежот на екпозитурата на НЛБ банка вчера во Сарај, како и на останатите разбојништва во изминативе неколку месеци,
Според Спасовски, бандата е со мешан состав, односно не е составена само од македонски државјани.
-Ова е трет случај од минатата година, а начинот на кој се случиле грабежите отприлика е ист. Освен вооружените грабежи, имавме и такви од вработените или лица кои имаат пристап. Ги реализиравме до крај, тоа беа грабежот во Тутунска и Шпаркасе банка и така натаму. Се работи многу посветено за да се расчистат сите овие случаи, рече Спасовски, но не откри повеќе детали заради истрагата.