Почина четиригодишното девојче што таткото го остави во презагреан автомобил

Четиригодишното девојче од Хрватска што нејзиниот татко го остави во автомобил без клима, на високи температури, почина во болницата во Риека, јавија хрватските медиуми.

Пред пет дена таткото го оставил девојчето за да не го буди, но не ја вклучил климата, а прозорците ги затворил за да не навлегува прашина од градилиштето.

Девојчето без свет по два часа го пронашле работниците кои повикале Брза помош.

Извори од истарската полицијата за хрватските медиуми вчера соопштија дека против 33-годишниот татко е поднесена кривична пријава.

„Не можеме во целост да ги соопштиме деталите за настанот, но можеме да потврдиме дека завршено е криминалистичкото истражување и дека до државното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријавa против 33-годишен хрватски државјанин под сомнение дека сторил кривично дело повреда на правата на детето“, изјави портпаролката на истарската полиција, Наташа Витасовиќ.

Законот за такво кривично дело предвидува затворска казна од една до осум години.

Треба да знаете
Последни објави