,,Нов ден, нова лажна вест, нова потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е очајна, нема план, нема програма, не нуди ништо ново освен ширење невистини”, се вели во реакцијата на СДСМ на изјава за медиуми на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, денеска уште една лажна вест од белиот дворец е експресно институционално демантирана.
Времето кога земјоделците беа игнорирани и заборавени заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес, Владата предводена од СДСМ во соработка со надлежното Министерство за земјоделство, водостапнство и шумартство гради партнерски однос со земјоделците и носи мерки и политики што го унапредуваат земјоделството.
Наместо лажни вести и лицемерие, ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и учи што значи вистинска грижа за земјоделците”, се додава во реакцијата.