Седницата на собраниската Комисија за култура одложена за 14 часот

На барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, седницата на собраниската комисија за култура денеска е одложена за 14 часот, односно за време на паузата на пленарната седница. На дневен ред е Предлог-закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион.

Откако почетокот на комисиската седница доцнеше 40 минути, пратеничката Ане Лашкоска инсистираше да се одложи зашто треба да присуствуваат на пленарната седница од 11 часот.

Рече дека доцнењето го смета за обид да се замолчи опозицијата и дека имало многу време за овој предлог, затоа што во Влада поминал на 28 мај, на 10 јуни бил проследен до Собранието, додавајќи дека тоа е недозволиво кога се работи за ваков предлог-закон.

-Што се случувало меѓу коалициските партнери од 28 мај до 10 јуни, јасно е дека станува збор дека се терало коалициски пазар, за што сведочи и самиот текст на овој предлог-закон. Денес сме 9 јули, значи владејачкото мнозинство еден месец не го стави овој важен закон за ситуацијата во која се наоѓа Охрид. До пленарната седница имаме само 20 минути и очигледна е намерата на власта да се замолчи опозицијата, рече Лашкоска.

Барањето да се одложи во 14 часот беше прифатено. Никица Корубин од ЛДП претходно и реплицираше дека доцнењето не зависи од нив, туку од собраниските служби, а дека одговорноста за  Охридскиот Регион е заедничка – и на извршната, на законодавната власт и на невладиниот сектор.

Треба да знаете
Последни објави