Со мотоцикл прегазил двајца пешаци во Неготино

Двајца пешаци биле тешко повредени откако биле прегазени од несовесен моторџија, вчера во Неготино.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 19.25 часот на улицата Маршал Тито.

Б.М.(24) од Неготино, управувајќи мотоцикл „кавасаки 300“ со бугарски регистарски ознаки, удрил во неговите сограѓани А.М.(52) и С.А.(51).

Од ударот двајцата пешаци биле тешко повредени по што биле пренесени во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од ПС Неготино.

Треба да знаете
Последни објави