„Хабертурк”: Ракетите С-400 можно е денеска да и бидат испорачани на Турција

Испораката на противвоздушните ракетни системи С-400 на Турција може да се реализира уште денеска, пишува турскиот весник „Хабертурк”.

Според весникот, синоќа, во 21 часот по московско време завршило товарењето на ракетите С-400 во два товарни авиона. Весникот тврди дека авионите со противовоздушните системи денеска ќе полетаат од воздушната база во Твер за Турција.

Претходно „Хабертурк”, повикувајќи се на сигурни извори, соопшти дека товарењето на C-400, што бидат испратени за Турција, може да почне на 7 јули. Според весникот, во неделата беше планирано првиот дел од системот да биде натоварен во транспортниот авион за летот што бил планиран во текот на оваа недела.

Според весникот, истовремено, девет технички експерти од Руската федерација ќе пристигнат во Турција и ќе учествуваат во инсталирањето на системите. Во првата етапа еден од ракетните комплекси ќе биде сместен во Анкара, забележа весникот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера потенцира дека испораката на руските противовоздушни ракетни системи ќе се изведе според договореното.

Треба да знаете
Последни објави