Поранешниот министер за трансппорт и врски, Миле Јанакиески бил однесен на преглед во болницата „8 Септември“, дознава Алсат. Неофицијално поранешниот монистер се пожалил на болки во стомакот и гадење и затоа затворската полиција од затворот Шутка го однесла на прегледи.
Директорот на билницата за Сител потврдил дека Јанакиевски околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите. Му направиле ехо преглед, лаботаториски анализи и снимање на рендген а бил прегледан и од уролог. Лекарите му дале терапија и останал во болницата до смирување на болката, по што затворската полиција го вратила назад во затворот во Шутка.
Јанакиески веќе втора недела штрајкува со глад, а неговата сопруга упати апел да му се укине приворот и да се врати во домашен притвор.
Тој денеска тој беше спроведен на судењето за случајот “Талир”, но во видно изнемоштена состојба. Јанскиески е во притвор поради продажбата на државно земјиште на фирми кои потоа не ги изградиле предвидените хотели. Премиерот Заев денеска посочи дека жали што Јанакиески е во притвор но дека не може да се меша во судски одлуки.