Американка по грешка го застрелала сопругот в глава

Николас Кол завршил на интензивна нега по инцидент кој се случил на автопат во Алабама во саботата.

Според извештајот на канцеларијата на шерифот на округот Калман, во 18:45 часот дошло до конфликт на автопатот 69 во Доџ Сити, Алабама. Конфликтот продолжил во куќата на семејството Кол во Бремен, Алабама, објави Си-ен-ен.

„За време на инцидентот дошло до кавга во која Ерика Кол се обидела да пука во трето лице, но по грешка го застрелала сопругот во глава“, изјави заменик-шерифот на округот Калман, Бред Вилијамс.

Николас веднаш бил пренесен во болница, во одделот за интензивна нега, каде што престојувал до вчера.

Ерика Кол е уапсена под обвинение за обид за убиство, напад од втор степен и неразумно загрозување на животот. Таа била задржана во притвор и и била одредена кауција од 30.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави