ВМРО-ДПМНЕ:Официјално пуштање на  улица „3“ и улица  „5“ во Петровец

Денес имаме официјално пуштање на  улица „3“ и улица  „5“ во населено место Петровец, со вкупна должина од 830 метри и ширина од 5,5 метри и две пешачки патеки, од двете страни по една пешачка патека со ширина од 1,5 метри.

Исто така имаме и подводна канализациона мрежа поставено и атмосферска мрежа поставено, се што жителите од овие 2 улици што бараа, Општина Петровец им излезе во пресрет. Парите се обезбедени од Европска Унија, од  ИПА програмата во висина од 260.000 евра и Општина Петровец учествуваше со 30.000 евра за поставување на канализациона мрежа.

Дојде времето кога жителите тоа што го бараа пред година дена да биде реализирано од наша страна. Овие улици се правени пред 27 години од придонес на жителите кои живеат на овие две улици и еве денеска со гордост може да кажеме дека обезбедивме нормални услови за живот на овој дел од Петровец на жителите бидејќи за да се живее во една приградска средина треба да има улици, да има водовод, сите оние услови за живеење.

 

Треба да знаете
Последни објави