Два протестa организирани пред грузискиот парламент во Тбилиси

Два протести се одржаа истовремено во понеделникот вечерта пред грузискиот парламент во центарот на Тбилиси, пренесува грузискиот јавен радиодифузен сервис 1ТВ.

Според телевизискиот канал, дел од демонстрантите барале забрана на пропагандата на ЛГБТ заедницата, додека другите продолжиле да бараат повлекување на грузискиот министер за внатрешни работи, Ѓорги Гакарија. Протестите се одржуваат секојдневно од 20 јуни.

Учесниците на двата митинзи почнале да се собираат преед парламентот во 19 часот во понеделникот. Демонстрантите биле разделени со полициски кордон.

Во меѓувреме, учесниците на митингот против сексуалните малцинства покажале агресија кон оние кои барале оставка од министерот за внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави