ЕУ не ги исполнува обврските од договорот со Турција

И покрај огромниот придонес од Турција за безбедноста на Европа, како помошта да се справи со бегалската криза, помошта која за возврат беше очекувана од страна на европските земји не беше реализирана, вели претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

„Ние многу придонесовме за безбедноста на целиот европски континент, а особено на Балканот. Но и покрај тоа, ние не добивме поддршка и хуман однос од страна на нашите пријатели во Европа во тешките мигови“, изјави Ердоган.

Претседателот на Република Турција присуствуваше на Самитот за соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа во Сараево, каде се сретна со останатите лидери и дискутираше за безбедност и соработка меѓу земјите од Балканот.

Тој изјави дека регионот се соочува со нов бран на нелегална миграција од Сирија, Ирак, Авганистан и Северна АФрика.

„Додека Европа не може да постигне договор во врска со квотата на мигранти, Турција прими преку 4 милиони бегалци, од кои 3,6 милиони се од Сирија“, посочи Ердоган.

Тој додаде дека Турција до сега потрошила преку 37 милијади долари само за бегалците од Сирија.

Ердоган нагласи дека Турција презела мерки за да го спречи нелегалниот проток на мигранти преку Егејското море, а со тоа земјата спречила и голем број на потенцијални хуманитарни трагедии.

„Бројот на нелегални мигранти кои се задржани во нашата земја помеѓу 2005-2017 година брои над 1 милион“, додава тој.

Турција претставува главна рута за нелегалното мигрирање на бегалците кои сакаат да преминат во Европа, особено од 2011 година, со почетокот на граѓанската војна во Сирија.

Ердоган ја обвини ЕУ дека не успеала да си ги исполни своите обврски согласно договорот од 2016 година, чија цел беше да се намали и сопре протокот на мигранти преку нелегален пат, односно преку Егејското море.

Договорот вклучуваше и финансиска помош од ЕУ во висина од 6 милијарди евра, но до сега Турција прими само еден мал дел од овие средства.

Треба да знаете
Последни објави