СВР Скопје: Казнети 101 возач за брзо возење

Во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје преземени сообраќајната полиција казнила 101 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Според СВР Скопје, од сообраќај исклучени се 16 возачи. Од нив, тројца бидејќи возеле пијани, 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник затоа кој не ги почитувал законските ограничувања.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави