Тешко повреден возач на мопед по судир со автомобил

Скопјанец бил тешко повреден откако со мопедот што го управувал се судрил со автомобил, вчера  во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила на булеварот Партизански одреди, кај Буњаковец, кога дошло до судир меѓу автомобил „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(34) од Скопје и мопед „баотиан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(52) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.В. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави