Арсенал има минимален буџет за правење трансфери ова лето, па Унаи Емери ќе мора многу мудро да одработи доколку сака да донесе квалитетни фудбалери.
Иако на „топчиите“ им се понуди Вилфред Заха, тие не можат да си го дозволат неговиот потпис и наместо него ќе тргнат по алтернативни трансфер цели кои треба да претставуваат засилување за тимот.
Арсенал за трошење има само 45 милиони фунти, а сумата би се зголемила само доколу се продаде некој од стандардните фудбалери.
„Мирор“ пренесува дека клубот од Лондон добил можност да го донесе фудбалерот на Реал Мадрид, Маријано Дијаз за „само“ 18 милиони фунти. Дијаз кој минатото лето се врати во „кралскиот клуб“ не ги исполни очекувањата, па Зидан ќе ги слуша понудите кои ќе стигнат на нивна адреса за овојфудбалер.
Младиот офанзивец беше одличен во дресот на Лион од каде се пресели во Мадрид, па токму тогашните негови настапи, но и прифатливата цена би можеле да го натераат Емери да тргне по неговиот потпис.