Шпанското јавно обвинителство ќе кривично ќе го гони претседателот на Каталонија, Ким Тора, откако тој одбил да ги отстрани сепаратистичките симболи поставени во владата.
Како последица на ова, овинителите информирале дека ќе изречат глоба од 30.000 евра и дека ќе го суспендираат Тора од каква било јавна функција на 2 години и шест месеци.
Според соопштението на обвинителството, и покрај јасните инструкции да ги отстрани сепаратистичките симболи од владините објекти пред изборите, тој свесно покажал непослушност спрема наредбите.
Откако истекол рокот кој му бил даден, Тора отстранил неколку од тие симболи, односно ги заменил со други, слични.
Според изјавата на обвинителството, поради неговата тврдоглавост, изборното тело на Каталонија дало наредба за итно отстранување на симболите.
Судењето против Ким ќе започне наесен.