Европската унија лани за храна потрошила скоро 2.000 евра по глава на жител, Србија 926 евра, а Македонија само 550 евра. Според податоците од Европскиот просек до кој дојде 24 инфо на дното сме и по потрошувачка на облека во споредба со европјаните. Тука сме потрошиле околу 70 евра по глава на жител. Но затоа по потрошувачка на цигари сме меѓу првите заедно со Србите и Босанците и судејќи по тие бројки можеме веднаш да добиеме покана за членство во ЕУ.
Европјаните годишно потрошиле 1.861 евра по глава на жител за храна во изминатата година, Србите 926 евра, а Македонците околу 500 евра. За храна колку нас трошат и жителите на Бугарија и Турција. Од вкупната сума најмногу сме потрошивме на месо (62 проценти од просекот на ЕУ), а најмалку на риба (23,5 проценти). Помалата потрошувачка на риба од нас има Унгарија (14 евра), Турција (18), Бугарија (24) и Босна и Херцеговина (25). Во исто време за сокови сме дале 59 % од просекот на ЕУ и 39% за алкохолни пијалоци.
Од друга страна, статистичките податоци покажуваат дека Македонците се загрижени за своето здравје и многу пари одвојуваат за додатоци во исхрана. Така лани за здравствената заштита и за витамини сме потрошиле околу 350 евра. Од балканските држави на прво место е Србија која дала 458 евра. Во однос на европскиот просек, сѐ уште сме на ниско ниво или за оваа намена трошиме само 17,8%. Помалку од нас трошат Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и Албанија За облека и обувки во Србија се трошат 172 евра по глава на жител, што е само 21 процент од просекот во ЕУ. Помали трошоци направиле граѓаните на Бугарија, Македонија и Албанија.
Трошоците за живот во Србија лани биле 878 евра, што е 21,4 проценти од просекот на ЕУ. Помалку за оваа намена се потрошени во Црна Гора, Турција, Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија.
За стоки во домаќинство лани сме потрошиле само 17,8% од просекот во ЕУ , но за интернет и за мобилни телефони не сме штеделе и сме дале половина од парите кои ги одвојува еден европски жител или околу 250 евра годишно. За образование и култура скоро сите балкнски држави се на исто ниво. Годишно за ова се одвојуваат околу 280 евра, а во ЕУ просечно се потрошени 1.761 евра за рекреација и култура. Ова е само 16 проценти од просекот на ЕУ.
Образованието чини 1.407 евра во ЕУ и 240 во Македонија и Србија . Околу1.434 евра беа потрошени за ресторани и хотели во ЕУ, додека во Македонија само 119 .
Но не сме последни на скалата за се. По потрошувачка на цигари во ЕУ сме меѓу првите, заедно со Србите и Босанците. Македонија за цигари дава колку и Европа, а Босна троши две евра повеќе од европскиот просек по главана жител.
Валентина Ангеловска