Агентот на Пол Погба, Мино Раиола проговори за „ситуацијата“ околу неговиот клиент во Манчестер Јунајтед.
Французинот неодамна изјави дека „можеби е време за нов предизвик“ со што најави негово можно напуштање на Јунајтед, но сепак мораше да замине на подготовките со „Црвените Ѓаволи“.
„Погба не направи ништо лошо, тој е голем професионалец и го почитува својот клуб. Манчестер знае како се чувствува Погба веќе подолго време и навистина е срамно што луѓето тргнаа да го нападнат, а притоа немаа вистински информации“, изјави Раиола и додаде:
„Мене ми е жал што клубот нема јасен став во врска со оваа ситуација. Се надевам дека наскоро ќе биде пронајдено решение кое ќе ги задоволи сите вклучени страни“, изјави Раиола.