Изминатото деноноќие полицијата на подрачјето на СВР Скопје казнила 38 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 10 возачи. Еден од нив пијан управувал возило, седум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила кои не биле регистрирани.
Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 29 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 61 возило се подигнати со специјално возило „пајак”.