Германската канцеларка Ангела Меркел повторно беше снимена додека неконтролирано се тресеше.
Таа стоеше до финскиот премиер Анти Рине, кого го прими денеска на гости во Берлин и повторно изгледаше како да не ѝ е добро.
На снимката се гледа дека таа неконтролирано се тресе, пренесува „Ројтерс”.
Нејзиниот портпарол рече дека канцеларката се чувствува добро. Според неговите зборови, разговорот помеѓу Меркел и финскиот премиер продолжува според планот.
Ова е трет пат во последниот месец како е забележано дека Меркел има проблем да го контролира тресењето додека стои.
По двата инциденти, од нејзиниот кабинет кажаа дека нема причина за загриженост и дека канцеларката е во добра здравствена состојба.
На крајот од дводневниот Самит на Г-20 во Осака, самата Меркел изјави дека ги разбира новинарските прашања за нејзината здравствена состојба, но истакна дека се чувствува добро.
Таа додаде дека е убедена дека ваквите реакции „доаѓаат и си одат”.
Сепак, германските медиуми консултираа бројни лекари и експерти и наведоа низа здравствени проблеми кои би можеле да го предизвикаат нејзиниот тремор