Чилеанската полиција во градот Виња дел Мар заплени над сто килограми кокаин на брод на кој имало петмина морнари од Црна Гора, објавија дел од црногорските медиуми.
Според медиумите морнарите се јавиле кај нивните семејства во Црна Гора и ги известиле дека се во куќен притвор во Виња дел Мар се додека не заврши истрагата.
Бродот на кој е откриена дрогата требало да исплови од пристаништето во Виња дел Мар кон Европа, а прва дестинација била Шпанија.
Истрагата треба да утврди дали пронајдената дрога е поврзан со неодамнешната заплена на повеќе од 18 тони кокаин во САД, кога исто така беа вмешани црногорски морнари