Човек од Онтарио беше повреден вчера изутрина откако го однесе водата на еден од Нијагарските Водопади, потврди полицискиот извештај.
Полицијата добила повик за помош од човек кој се качил на потпорниот ѕид во близина на Horseshoe Falls, еден од трите најголеми Нијагарски Водопади, според „Си-ен-ен“.
Канаѓанецот паднал во висина од 57 метри во долниот тек на реката Нијагара.
Полицијата го нашла како седи на карпите и го одвела во болница, каде што било утврдено дека неговите повреди не биле опасни по живот.
Во повеќето слични ситуации Нијагарските Водопади се смртоносни.