Колкава треба да биде идеалната температура во спалната соба?

Што велат експертите, колку степени треба да има во спалната соба за да се наспиете како човек?

 

Во текот на летото секогаш ни е потешко да се наспиеме бидејќи во спалната соба може да биде претопло. И додека повеќето спијат навечер со отворен прозорец, за да свежиот воздух ја разлади просторијата, многумина користат и клима уреди.

Ако не сте сигурни која е идеалната температура за спиење, експертите откриваат колку студена треба да биде собата, за убаво да се наспиете. Кристофер Сан,  вели дека во спалната соба температурата треба да биде меѓу 15 и 19 степени Целзиусови, за квалитетно да се наспиете.

„Истражувањата покажуваат дека е најдобро да се спие кога во собата температурата е меѓу 15 и 19 степени, а постелнините кои разладуваат се сè повеќе популарни бидејќи луѓето сè повеќе го ценат спиењето“, вели тој.

Обидете се да ја разладите собата до оваа температура пред да си легнете, тоа ќе ги зголеми шансите навистина да се одморите и добро да се наспиете.

Треба да знаете
Последни објави