Од фабриката на компанијата „Ван Хол” во Скопје, каде што работат 1.350 лица, излегле над 725 автобуси, пишува парискиот специјализиран весник за економија „Л4Екхо”.
– Ван Хол, фламанскиот производител на автобуси, првпат во 2018 година, произведе повеќе возила во Северна Македонија отколку во неговото историско седиште Конингсокит во провинцијата Антверпен. Не помалку од 725 автобуси излегоа од фабриката во Скопје, каде што работат 1.350 лица, од вкупно 4.700). Тоа е речиси двојно повеќе автобуси отколку од фабриката во Белгија, го пренесува дописникот на МИА текстот за фабриката.
Фирмата Ван Хол, како што пишува весникот, во 2018 година остварила вкупен промет од 558 милиони евра (+ 6% во однос на претходната година). Од друга страна, оперативната добивка се намалила за 15 проценти на 15 милиони. Причината: падот на доларот. Но белгиската фабрика на групата минатата година претрпе загуба од 850.000 евра. Извршниот директор Филип Ван Хол го објаснува тоа со зголемување на трошоците за истражување и развој, кои се зголемија за три милиони евра.
Најголемиот дел од профитот доаѓа од Македонија, вели газдата на Ван Хол. Јас, наведува Хол, не можам да гарантирам безбедност на работното место, но тука имаме локално присуство, ние сме голем работодавач и ние се задржуваме ниво на активност и центар на знаење во Белгија, вели тој.
Без Белгија, Македонија нема да постои, и без Македонија белгиската фабрика повеќе нема да постои, вели Филип Ван Хол.