Делинквентска мечка провалила во паркиран автомобил во Колорадои успеала да извози со неа 30 метри по надолнина пред да го удри возилото во дрво и да исчезне без трага, пренесува РТ. Инцидентот се случил во минатиот четвртокот вечерта.
Мечката ја отворила вратата и се качила во отклучениот автомобилво гратчето Боулдер, Колорадо, објави канцеларијата на локалниот шериф. Потоа вратата се затворила и мечката очигледно се почувствувала заглавена, па почнала френетично да излегува и случајно со задникот го ставила автомобилот во лер.
Возилото почнало да вози по патот и се спуштило 30 метри по ридот, а запрело откако удрило во дрво, по што мечката излегла и избегала.
Сликата од „местото на злосторството”, што ја сподели канцеларијата на шерифот на округот Боулдер го покажувауништениот „хечбек“ во близина на едно дрво, со широко отворени врати и уништена внатрешност. Целата ситуација служи како добар потсетник за да се заклучуваат вратите на автомобилите, особено во земјата на мечките, рече полицијата.
Ова не е прв случај мечка да влезе во паркирано возило во Колорадо. Минатата година, безбедносна камера во Боулдер снимила како мечка се приближува до автомобил, успешно отвора три врати, се качува внатре, а потоа заминува.
„Мечките постојано влегуваат во отклучени автомобили”, изјави во тоа време портпаролот на „Колорадо паркс енд вајлдлајф“.