Научниците од Норвешка открија дека во областа каде што потонала советската нуклеарна подморница „Комсомолeц“ нивото на радијација е 100.000 пати поголемо, според локалната ТВ2.
Експерти на истражувачкиот брод „Г.О. Сарс“ зедоа примероци од вентилацискиот отвор покрај реакторот на подморницата. Руско-норвешката екипа користела беспилотни подморници Ægir 6000 за време на мерењето.
Slik ser den sovjetiske atomubåten "Komsomolets" ut i dag – 30 år etter at den sank i Norskehavet. Forskerne fikk de første bildene av vraket sent søndag kveld. pic.twitter.com/4QBMB3svPv
— Direktoratet for strålevern og atomsikkerhet (@Straalevernet) July 8, 2019
Раководителката на експедицијата Хилда Елиза Хелдал изјави дека индикаторите за мерење се, засега, прелиминарни и дека треба внимателно да се проучат. Според неа, зрачењето не е закана за риболовот во регионот.
Според неа, нивото на зрачење било повисоко од она што го регистрирале руските научници во 2007 година.
Подморницата која потона пред 30 години лежи на длабочина од 1.700 метри.
Москва и Осло спроведуваат истражувања во оваа област многу години. Научниците во периодот 1991-1993 констатирале истекување на реакторот на подморницата. Во истата година, беше протеран реакторот на подморницата. Големата длабочина го отежнува истражувањето. Научниците планираат да продолжат да ја контролираат ситуацијата.