„Траекторија“ на СЈО кое требаше да се одржи во скопскиот Кривичен суд е одложено бидејќи не дојде повиканиот вештак кој требаше да даде стручно мислење за направеното вештачење во предметот.
Судскиот совет одлучи следното рочиште да се одржи по летните одмори, на 3 септември.
На крајот од денешното рочиште обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова на обвинетиот екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му рече „Сам си го уништуваш животот“, на што тој одговори „Ова не е живот”.
Во „Траекторија“ им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинителниот акт тие во 2012 и 2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид.