ООУ „Св. Климент Охридски” од село Драчево продолжува да освојува награди. Училиштето во надлежност на Општина Кисела Вода на јавниот конкурс на Град Скопје, за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување, колективно домување и институција), најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта, ја освои наградата за најубаво уреден двор на институција. Градот на ООУ „Св. Климент Охридски” му додели парична награда во висина од 40.000 денари.
Градот Скопје со цел да ја подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина, во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата” традиционално го објавува јавниот оглас.
Неодамна, на конкурсот „Предизвик за млади истражувачи 2″, ООУ„Св. Климент Охридски” од Фондот за иновации и технолошки развој доби награда, финансирање на проект за „Квалитетот на воздухот во училницата”.