Повеќе од 4.500 Руси добиле забрана за влез во Украина од почетокот на годинава, изјави во средата портпаролот на Државната гранична служба на Украина, Андреј Демченко, пренесува ТАСС.
„Само завчера, 29 државјани на Русија не добија дозвола да ја преминат државната граница. Од почетокот на годинава овој број изнесува нешто повеќе од 4.500″, пренесува новинската агенција УНН.
Според Демченко, од почетокот на годинава дозвола за влез во Украина добиле 620.000 руски државјани. Во февруари, украинскатаДржавна гранична служба соопшти дека најчесто им е забранет влез на граѓаните на Русија, Турција и на Молдавија.