Специјалците на МВР ги спасија двајцата параглајдеристи кои попладнево паднаа на падините на Галичица од албанска страна, потврди МВР за МИА.
Веднаш е стапено во контакт со албанската полиција и со договор е испратен хеликоптер на нашето МВР. Испратени се и припадници на Единицата за специјални задачи кои ги спасиле параглајдеристите и ги однеле во болницата „Св. Еразмо”.
Се работи за машко и женско лице од Украина.