Рано изутринава на автопатот Белград-Ниш, кај месноста Мала Крсна, во тешка сообраќајна несреќа загинаа две лица пренесуваат српските медиуми.
Како што известуваат српските медиуми, во судир помеѓу автомобил со товарно возило на автопатот Ниш-Белград, татко и ќерка.
Според неофицијални информации, до тешката несреќа дошло кога автомобилот, марка „шкода“ со зајечарски регистерски ознаки, којашто се движела по
коловозната лента, од засега непознати причини со предниот десен крај удрил во возило на „Патишта Србија“ кое стоело во лентата за запирање, а потоа и во банкината.
Во несреќата која се случил утрово околу 8 часот, повредени се и две жени и бебе кои се наоѓале на задното седиште. Тие веднаш биле пренесени во болница во Смедерево.
На местото на несреќата веднаш пристигнала итната медицинска помош, но за жал можела да констатира само смрт.