Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска го обвини Иран дека тајно збогатува ураниум веќе подолго време и му се закани на Техеран со поостри санкции, објави агенцијата „Ројтерс“.
„Иран веќе долго време збогатува (ураниум), што е апсолутно прекршување на ужасниот договор вреден 150 милијарди долари, што го направија Џон Кери и администрацијата на Обама. Потсетување, тој договор би требало да истече за неколку години. Санкциите наскоро ќе бидат засилени и тоа значајно“, напиша Трамп на „Твитер“.
Откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор и воведоа нови санкции за Техеран, Иран одлучи да го зголеми збогатувањето на ураниум во однос на границата утврдена со договорот.
Иранските власти ја повикаа ЕУ да најде начини да ги ублажи американските санкции и да ја испорача ветената економска помош и порачаа дека тоа е последна шанса за спасување на договорот од 2015 година, која истекува за 60 дена.