Турција: ЕУ мора да биде чувствителна и одговорна кога станува збор за миграцијата

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Турција во четвртокот ја повика ЕУ да биде почувствителна и поодговорна во врска со прашањето за миграција.

„Ја повикуваме ЕУ да биде почувствителна и поодговорна во врска со миграцијата“, изјави министерот Јавуз Селим Киран за време на Форумот за миграција и дијаспора.

Киран исто така ја повика меѓународната заедница да ги сподели товарот и одговорноста за бегалците.

Киран се осврна кон важноста на потребата за заеднички труд и вели дека причините за миграцијата мора да бидат анализирани подлабоко.

Тој посочи дека има 258 милиони мигранти ширум светот, од кои 71 милиони присилно мигирирале, а 26 милиони се бегалци.

Тој нагласи оти Турција примила 4 милиони бегалци, но дека земјата не може сама да се носи со овој проблем.

Треба да знаете
Последни објави