Доцна попладне, делови од Јадранот беа погодени од невреме, а на Хвар се случи метеоролошко цунами, според Index.hr.
Otišlo nevreme na otvoreno more. pic.twitter.com/qYJi3TobkV
— tanja (@mango_on_diet) July 9, 2019
Станува збор за ненадејни осцилации на нивото на морето поради брзите промени во воздушниот притисок.
Имаше плима, па осека, кога морето се повлече околу 105 сантиметри за само 10 минути.
Дожд и грмотевици беа забележани низ целиот јадрански брег, а за 120 минути имало повеќе од 25.000 удари oд молњи.